СПОРТ

Hад 400 уапсени на одбојкарскиот натпревар Олимпијакос-Панатинаикос

Познато е ривалството меѓу навивачите на Олимпијакос и Панатинаикос, но на одбојкарското дерби тоа доби ново ниво. Две фракции се судрија пред салата „Мелина Меркури“, а се започна некаде по 22 часот кога група од околу 150 навивачи излегле надвор од салата.

Advertisements

Според полицискиот извештај, кон нив бил фрлен молотов коктел, а полицијата возвратила со солзавец кој стигнал до оние кои биле внатре, поради што натпреварот е прекинат во вторриот сет.

Во судирите е повреден и еден полицаец, кој се уште е во критична состојба. Од левата надколеница извадена е метална топка со димензии 5х2х2 сантиметри, што предизвика обилно крварење.

Нешто пред полноќ бил однесен во операционата сала кога доживеал срцев удар, но медицинскиот персонал успеал да го оживее и потоа да ја изврши хируршката процедура.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button