Хаџиреџа: Проблемот со плагијаторството на УТ датира од март минатата година

Поранешниот декан на Медицинскиот факултет, при Универзитеот во Тетово, Кастриот Хаџиреџа, во своето вечерашно гостување во „Емисија 200“ на Алсат изјави дека скандалот со плагијаторство на Универзитетот во Тетово, кој неодамна стана актуелен, датира од пред една година. Хаџиреџа дури рече дека првото писмо од иницијативата НИРЦАУ (NIRCAU) ја примил ректорот на Универзитетот во Тетово, Валнет Амети, кој потоа му го упатил истото на Хаџиреџа.
„Универзитетот во Тетово, односно Медицинскиот факултет е обвинет за плагијат веќе неколку дена. Но, всушност, овие појави и ова обвинување не се од последните денови, туку започнаа пред една година, во март минатата година. Информациите и загриженоста за плагијат започнаа да ни доаѓаат. Знаете што е плагијат, плагијат е кражба. Од март минатата година започнавме да добиваме писма и коментари, предлози од личност и иницијатива, како што е NIRCAU (иницијатива за квалитетни реформи во универзитетското образование) за сериозните проблеми што се појавија на Факултетот за медицински науки. Првото писмо од оваа иницијатива го прими ректорот на Универзитетот во Тетово, професор Вулнет. Истото писмо што професорот ми го упати за да видам колку се точни и вистинити овие работи“, изјави Кастриот Хаџиреџа, поранешен декан на Медицинскиот факултет на УТ.