МАКЕДОНИЈА
Хајрулахи: Не сме политичка партија па да мериме рејтинг

В.д шефот на Вишото јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи, не би сакал да се малтретира со довербата во правосудството. Како што вели тој, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, Правосудството не било политичка партија за да има потреба од мерење рејтинг.
„Не би ми паднало никогаш на памет да се малтретирам со тоа колку ни е довербата. Дали ни е 8% или 10% пошто на крајот на краиштата ние не мериме рејтинг. Не сме политичка партија да мериме рејтинг. Знаеме како работиме, знаеме под кои услови работиме и знаеме секоја година, по однос на годишните извештаи колку се подобрува работата на јавното обвинителство“, вели Хајрулахи.