Хајрулахи поднесе кривична против Коцевски

Суспендираниот шеф на скопското јавно обвинителство Мустафа Хајрулахи поднесе кривична пријава против државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, против обвинителката од штипското обвинителство Татјана Кацарова, како и против Ристо Бојаџиски, виш јавен обвинител од вишото јавно обвинителство во Штип.
Хајрулахи извести дека кривична пријава од него заработил и Ермон Незири, член на советот на јавни обвинители. Во кусото соопштение до медиумите, Хајрулахи тврди дека пријавените сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластувања. Против Хајрулахи инаку се води дисциплинска постапка поради сторена професионална грешка, а против него има и кривична пријава за мобинг поради што за тоа се води одделна постапка во вишото јавно обвинителство во Штип.
Поради овие постапки, Хајрулахи беше суспендиран од позицијата шеф на вишото скопско обвинителство, а советот зад затворени врати со седум гласа „за“ ја отфрли жалбата на Хајрулахи кој бараше укинување на одлуката за негово оддалечување донесена од државниот обвинител.