КОШАРКАСПОРТ

Халибартон незапирлив, Индијана поведе со 3:1 против Њујорк

Кошаркарите на Индијана поведоа со 3:1 против Њујорк во финалната серија од плејофот на Источната конференција на НБА лигата, бидејќи победија дома во четвртиот натпревар со 130:121.

Advertisements

Тајрис Халибартон беше најефикасен во тимот на Индијана со 32 поени, 15 асистенции, 12 скока, четири украдени топки и ниту една изгубена топка. Така тој стана првиот кошаркар кој забележал трипл-дабл како играч на Пејсерс со минимум 30 постигнати поени во текот на еден плејоф натпревар и, во стилот на Никола Јокиќ, го уништи Њујорк.

Паскал Сиакам додаде 30 поени во оваа победа. Во тимот на Њујорк, Џејлен Бренсон беше најефикасен со 31 поен. Карл-Ентони Таунс додаде 24 поени и 12 скока, Оуџи Ануноби постигна 22 поени.

Индијана имаше водство по првата четвртина, но Никси успеаја да намалад од разликата и на полувреме Пејсерси имаа предност од три поени. Индијана повторно доминираше во третиот период, и во последниот влезе со 11 поени предност. Индијана ја зголемуваше предност, а мал пад на средината на последната четвртина придонесе Никси да се доближат само до шест поени, но немаа сили за целосен пресврт./Ekipa.mk/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button