Халили верува во наводите во извештајот на ЕК дека земјава е добар пример за мултиетничко општество

Поранешниот амбасадор Мухамед Халили верува во извештајот на Европската комисија, во кој се вели дека Северна Македонија е добар пример за мултиетничко општество. Според него можните гласини за нарушување на меѓуетничките односи повеќе наликуваат на злите усти на опозицијата, СДСМ и ДУИ.
„Се подразбира дека за следната година ќе има многу време да се кажат поаналитички проценки. Но, факт е дека Македонија била и ќе остане пример за добри меѓуетнички односи, сега ако некој сака да се удира во гради колку е заслужен, тоа е друга работа. Но, добри меѓуетнички односи не прават двајца или тројца поединци или една политичка партија, нив ги прават сите граѓани кои живеат таму“, вели Халили.
Без да ги спомене дебатите кои беа покренати од албанската опозиција со отстранувањето на балансерот, Халили вели дека токму уставните категории ги гарантираат вредностите и регулирањето на албанскиот статус во Македонија.
„Прашањето за балансерот не треба да се потценува, но не е како што партиите го претставуваат, кои плачат секој ден затоа што не се во влада….02:29 Балансерот не е избришан како уставна категорија, тој постои, тој постои во Охридскиот договор, но методологијата на примена на балансерот е избришана…“, додава Халили.
Во вчерашниот извештај за напредокот, ЕК не ги спомена неодамнешните случувања кои ги нарушија меѓуетничките односи, како што е укинувањето на балансерот од страна на Уставниот суд и најавата дека истата судбина го чека и законот за употреба на јазиците.
Ајнур Бафќари