
Екипата на Шкупи синоќа во краток рок промовира три нови засилувања и тоа Луан Абази, Нилтињо и Армин Хоџиќ, а утринава од таборот на тимот од Чаир доаѓа информација за едно заминување.
Станува збор за Алжирецот Валид Хамиди, кој беше еден од подобрите во клубот во минатата сезона, а кој реши кариерата да ја продолжи во соседството односно во тимот на Балкани од Косово. Претходно, чаирчани го продадоа Реналдо Џефас (Јамајка) во турски Анкарагучу.
Покрај нив двајца, од Шкупи заминаа и Магвелашвили, Брдаровски, Ѓоргиев, Абдула, Јакимовски, Данфа и Демири, а за оваа сезона Шкупи нема да смета ниту на Сандеј Адетунџи. Шкупи во првото коло од новата сезона загуби од Работнички со 3-1.