
Ракометарите на Барселона по драматичен финиш успеаја да го совладаат дански Aлборг со 31:30 (15:15) и ја освоија 12.титула европски првак во клупската историја.
Финалето го судеа Начевски и Николов. Овој меч беше последен во клупската кариера за Микел Хансен. Еден од најдобрите во историјата на ракометот кариерата ја заврши беа освоена Лига на шампиони.
Барселона до победата ја предводеа Ханиел Лангаро со осум, Дика Мем со седум, Тимоти Н’Гасан со шест гола. За Алборг, Микел Хансен постигна осум, Мадс Хангард и Томас Арлондс со по шест.
Во текот на првото полувреме се водеше голема борба за секоја топка, се играше по принципот гол за гол, а на крајот од овој период на семафорот стоеше 15:15.
Војната на нервите продолжи и во текот на второто полувреме, а Барселона на пет минути до крајот успеа да се одвои на 30:27. Алборг не се предаде, две технички грешки на играчите на Барселона беа казнети и Данците се проближија на гол негатива.
Алборг го имаше последниот напад, но немаше доволно време да стигне до израмнување и продолжение.
Самиот Хансен имаше блескава партија, а по истекот на времето и шут преку блокот за продолженија. Сепак, Данецот не успеа во својата намера и ја заврши клупската кариера без најпрестижниот трофеј.
„Ракометот ми подари неверојатни искуства и големи пријателства. Се чувствувам привилегиран, но одлучив дека е време да кажам доста. Имав голема шанса да ја освојам Лигата на шампионите со данска екипа, но за малку не успеав. Ќе продолжам да го ловам тој сон во друга улога. Тоа е сонот откако почнав да играм ракомет, во градината со моите сестри“, изјави Хансен по последниот клупски натпревар.
Последните натпревари во кариерата на интернационално ниво Микел Хансен ќе ги одигра на Олимписките игри со Данска.