СПОРТФУДБАЛ

Ханси Флик по поразот од Осасуна: Обвинете ме мене, јас направив грешки

Барселона го претрпе првиот пораз во Ла Лига оваа сезона откако синоќа загуби на гостувањето кај Осасуна со 2-4. И покрај поразот, каталонскиот тим ќе остане лидер на табелата и по осмото коло, но дебаклот во Памплона на површина ги извади сите проблеми со кои се соочува, како и малиот фонд играчи.

Advertisements

Флик одлучи да одмори дел од фудбалерите затоа што им претстои дуел во Лигата на Шампионите, а синоќешниот меч беше четврти во период од само девет дена. Германскиот стручњак затоа ја презеде одговорноста по поразот.

„Мораме да го прифатиме овој пораз, не игравме добро. Ако барате виновник, обвинете ме мене, ја направив грешки, но моја одговорност е да ги заштитам играчите бидејќи некои од нив одиграа премногу минути. Ги префорсирац и затоа денеска моравме да ги одмориме, а нема други опции. Сепак, не очекував да играме вака иако сметам дека сме на вистинскиот пат“, рече Флик.

Барселона во моментов има дури осуммина повредени фудбалери и тоа главно членови на почетната постава. Поради тоа Флик мораше да прави експерименти, па Ерик Гарсија играше во средниот ред иако е дефанзивец, а на голот првпат како стартер беше Ињаки Пења. До репрезентативната пауза Барса ја очекува уште едно гостување, кај незгодниот Алавес кој неодамна го намачи Реал во Мадрид.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button