
Во ден исполнет со првни расправии и пресврти Хантер Бајден, син на актуелниот американски претседател, Џо Бајден се изјасни за виновен пред федералниот суд во Лос Анџелес во врска со обвиненијата за даночно затајување, јавуваат светските медиуми.
Драматичниот потег, како што го оценува „Гардијан“, се случи на денот кога требаше да започне судскиот процес против 54-годишниот Бајден кој претходно се изјасни за невин по деветте точки од обвинението.
Тој решил да признае вина, откако обвинителите претходно се спротивставиле на неговата намера да посегне по т.н. Алфорд признание, невообичаен правен маневар каде што обвинетиот се изјаснува за виновен, но не го признава престапот.
„Не ни е јасно што се обидуваат да направат. (Хантер Бајден) нема право да се изјасни за виновен под посебни услови кои важат само за него. Хантер Бајден не е невин. Хантер Бајден е виновен“, рекле обвинителите, пренесува „Гардијан“.