ВЕСТИЗДРАВСТВО

Хаос на „Мајка Тереза“ пациенти со часови чекаат за преглед

Граѓаните на универзитетската клиника „Мајка Тереза“ секојдневно се соочуваат со хаос и долго чекање.

Advertisements

За да добијат медицински услуги, пациентите мора да талкаат од шалтер до шалтер. Прво на еден за да ги достават документите потоа пред шалеторт  на кој се даваат упати за натамошните чекори а потоа долги редици за консултација со докторот. По прегледот, во повеќето случаи лекарите даваат инструкции за лабораторијата за тестови на крвта а по добивањето на резултатите, пациентите повторно се соочуваат со долги чекања пред вратата на лекарот за терапија. За граѓаните одење од една до друга врата низ лавиринтите на клиниките значи чекање повеќе од три часа.

Во меѓувреме, често се случува некои пациенти  со часови да чекаат на преглед и консултации, и да не бидат примени бидејќи лекарите им кажуваат дека упатствата не им се во ред.

„Од половина часм, до еден час. Колку што се сеќавам, секогаш е  вака, јас сум од Куманово, џабе не носат овде“, реагираат пациентите.

Покрај хаосот внатре, пациентите се соочуваат со хаос и чекање и надвор. Нема доволно паркинг места.

Министерот за здравство Арбен Таравари неодамна изјави дека работите за изградба на катните гаражи ќе почнат кон крајот на јануари и до јуни ќе има двојно повеќе паркинг места во клиничкиот центар. Но, дојде крајот на јануари, а од ова ветуваше нема ништо.

Линда Ебиби

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button