ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Хаос на паркингот на Клиничкиот центар во Скопје

Хаос на паркингот на Клиничкиот центар во Скопје

Долги редици од автомобили кои не се движат речиси еден час, нервозни граѓани и викање. Ова е сликата што се забележува при влегувањето во Клиничкиот центар во Скопје. Пациенти со разни болести од цела Македонија со часови талкаат за да најдат паркинг место во клиничкиот центар. Поради хаосот често ги пропуштаат роковите што ги чекаат со месеци, а за ова никој не презема одговорност. Револтирани пациентите бараат да се реши овој проблем и да не се плаќа паркингот внатре во Клиничкиот центар.

Advertisements

„Од тука треба да одам на Кардиологија да ја земам мајка ми, не знам што да правам. Платив паркинг 3 часа. Чекам паркинг скоро 40 минути, голема катастрофа“,рече еден граѓанин.

„Мислам дека секој граѓанин што плаќа треба да си најде паркинг место“, додаде друг.

Министерот за здравство Фатмир Меџити изјави дека решението на овој проблем е меѓу неговите три приоритети како министер.

„Приоритет во нашата програма е прво да го решиме сообраќајниот хаос внатре во Клиничкиот центар во Скопје. Се консултираме со сите инволвирани институции, страни и мислиме да го решиме ова прашање во најкус можен рок“, изјави Фатмир Меџити, министер за здравство.

На паркингот на Клиничкиот центар има околу 1.000 паркинг места, додека во текот на денот кружат околу 5.000 автомобили, вклучувајќи ги и автомобилите на вработените во клиниките./Алсат.мк

Вјолца Алити

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button