ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Хаос во Кочани: Толпата фрла јајца кон општинската зграда

Почна најавениот протест на градскиот плоштад во Кочани. Како што јавува репортерот на „360 степени“, на протестот има и дел од родителите на загинатите деца.
Ситуацијата е траорна, се слуша само плач и лелек, родителите се неутешни и се прашуваат како да продолжат да живеат без најмилите…
Држат фотографии од децата што загинале и велат дека за билет од 500 денари си ја купиле смртта.
Еден час откако почна протестот, сè повеќе граѓани се собираат да оддадат почит, бараат правда и го повикаа градоначалникот во оставка да се појави пред присутните и да не се крие.
Протестот излезе од контрола во моментот кога толпата почна да го извикува името на градоначалникот и се упати кон општинската зграда.