ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Хаосот со јавниот превоз го блокираше Скопје

Хаос со јавниот превоз го блокираше градот Скопје. На улиците се слушаа сирени од возила а граѓанитесе соочија со долги чекања на станиците.

Advertisements

Според Синдикатот на ЈСП, во главниот град возат само 25 автобуси, а останатите се паркирани во Автокоманда и Ѓорче Петров поради недостиг на гориво.Причина за недостигот на нафта за автобусите  е неплатениот долг кон добавувачот .

Од друга страна, приватните превозници кои подолго време сообраќаат дури после 17 часот поради малата наплата по километар, најавија дека се подготвени да ја ублажат транспортната криза доколку се исполнат нивните барања.

„Имаме на располагање околу 200 автобуси и доколку се создадат услови можеме веднаш да почнеме со работа и да му помогнеме на ЈСП бидејќи сите знаеме дека имаат недостиг од автобуси. Автобусите што ги имаме не се целосно искористени, работата можеме да ја покриеме со 120 автобуси. Имаме премногу автобуси со кои можеме да му помогнеме на ЈСП додека не се среди работата кај нив“, вели Хисен Халили – возач на приватен  автобус

Приватните превозници на ЈСП побараа разбирање од граѓаните поради ситуацијата, како што рекоа, дека не можат ни да ги покријат трошоците со цената за километар што ја имаат сега.

На вонредната седница на Град Скопје се очекува одлука за итно да се нормализира јавниот превоз во Скопје.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button