ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Хаосот во јавниот превоз продолжува

Хаосот во јавниот превоз продолжува

„Хаосот со јавниот превоз продолжува. Граѓаните со часови чекаат на автобуските станици низ главниот град, додека приватните превозници сообраќат со намален број.

Advertisements

Приватните превозници работат само во трета смена, после 17 часот и тоа само за да ги исполнат условите од договорот што го имаат со Град Скопје.

Во моментов не се наѕира решение . Според извори на Алсат, приватните превозници покрај штрајкот може да протестираат и од понеделник. Тие ќе испратат писмена претставка до Град Скопје, од каде за продолжување со работа бараат да им се исплати значителен дел од парите, како и нова динамика за исплата на општиот долг. Бараат и повисоки цени, бидејќи се жалат дека 7 години работат со фиксни цени.

Приватните превозници инсистираат дека сумата што им се должи надминува 120 милиони денари, а од Јавното претпријатие велат дека документираниот долг е околу 40 милиони денари.

Покрај редуцираниот сообраќај на приватните превозници, оние на Јавното сообраќајно претпријатие исто така се во намален оптек  бидејќи имаат потреба од сервисирање..

Во моментов ЈСП има околу 190 автобуси но оваа бројка се менува од ден на ден, во зависност од состојбата на автобусите. /Alsat.mk

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button