ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Харадинај очекува од Брисел „посветеност и сериозност“ во однос на Косово


Алсат
06.09.2020 13:01
Лидерот на Алијансата за иднината на Косово (ААК) Рамуш Харадинај очекува од Европската унија да покаже „иста посветеност и сериозност“ кон Косово, како што тоа го прават Соединетите Американски Држави.
Преку објава на својата страница на Фејсбук, Харадинај побара од Брисел да го олесни признавањето на Косово од петте членки на Унијата кои сѐ уште не го сториле тоа, како и да го исполни ветувањето за визна либерализација за косовските граѓани.
– Сега нашите очекувања се дека Европската унија ќе покаже иста посветеност и сериозност (како САД), порача Харадинај.