
Хари Кејн е во неверојатна голгетерска форма и не запира со тресењето на мрежите во Бундеслигата. Англискиот репрезентативец постигна хет-трик во големото дерби против Борусија Дортмунд (0-4), а истовремено успеа да сруши и рекорд стар шеесет години!
Имено, Кејн успеа во првите десет бундеслигашки мечеви да стигне до бројката од петнаесет погодоци, со што успеа да го мине поранешниот напаѓач на Шалке 04, Клаус Матијашек, кој имаше тринаесет голови, исто така од десет натпревари. Доколку продолжи со убиствената форма, капитенот на „Трите лава“ сигурно ќе сруши уште некој рекорд во Германија, а Баерн направи одличен потег со неговото доведување и сите во Минхен се презадоволни од учинокот на експлозивниот напаѓач.
Хари Кејн целата своја кариера ја мина во лондонски Тотенхем, а во Баерн пристигна во текот на летниот преоден рок. Неговиот избор беше малку зачудувачки за сите во Англија, но доколку успее да освои неколку трофеи со Баварците, сигурно преминот во Минхен за него ќе претставува „полн погодок“.