ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Хасани: Огнената група не се плаши од истраги, но нека има и за Груби и за министрите на ДУИ

Заменик министерот за одбрана, Башким Хасани, кој е на списокот за разрешувања, вели дека не направил никаков прекршок во текот на работата, туку дека се разрешува поради политички реваншизам од страна на вицепремиерот Артан Груби. Во интервју за емисијата „200“, Хасани рече дека не се плаши дури и ако има истрага против него, бидејќи со голема одговорност ја вршел работата. Според него, тие што треба да се истражат се министрите од ДУИ.

Advertisements

„Да, треба да има истраги. Нека продолжат истрагите и кај членовите на нашата група, и кај Артан, и кај сите други, не се спротивставуваме на таквата постапка, и не се плашиме.

Кој треба повеќе да се плаши, „Огнената група“ или сегашните министри од ДУИ?

„Навистина, министрите треба повеќе да се плашат затоа што ја имале власта“, рече Хасани во Емисијата 200 што се емитува вечерва во 22:10 часот на Алсат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button