МАКЕДОНИЈА
Хасановиќ: Информациската војна е војна за умовите и срцата на јавноста

Информациската војна се карактеризира како војна за умовите и за срцата во една држава, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат експертот по стратешки комуникации, Емир Хасановиќ. Коментирајќи ја војната во Украина од аспект на пробивот на информации од теренот, тој меѓу другото вели:
„Од 2016 година НАТО во своите домени на операции го додаде и сајбер просторот. Со подеднаква важност како и копното, воздухот и водата. Во сајбер просторот, информациската војна или пролиферацијата на информации, е подеднакво битна и критична во обезбедување на сигурноста и стабилноста на една држава. Информациската војна се карактеризира како една војна за умовите и за срцата на јавноста во една држава“, вели Хасановиќ.