
Хашим Тачи и Јакуп Красниќи се појавија пред специјализираните соби во Хаг. Обвинението е неосновано и се изјаснувам за невин по сите точки од обвинението.
Вака поранешниот шеф на генералштабот на ОВК, Хашим Тачи, се појави пред Специјалниот суд во Хаг ги отфрли сите обвиненија против него. Одбраната на Тачи наведе дека тој соработувал со правдата во изминатите години и во периодот по формирањето на судот.
„Судот ги истражува овие случаи пет и повеќе години, а вашето обвинение е од пред 6 месеци. Ние за тоа првпат дознавме во средата вечер или четвртокот
Поранешниот портпарол на ОВК, Јакуп Красниќи, исто така, го негираше обвинението. Меѓу солзи рече дека не се чувствува ниту виновен, ниту одговорен. Тој се пожали и на третманот што го добива во Хаг.
Во обвинението ги делите луѓето. Јас сум Албанец, не сум ниту католик, ниту муслиман, ова е навреда за мене и за мојата земја. Квалификацијата на обвинителот на Специјализираните соби дека сме заедничко злосторничко друштво, за мене, за моите пријатели, за моето семејство за кои долго време се боревме, но исто така и за нашата нација нема ништо понавредливо, зашто долго време во многу тешки околности на живот или смрт, бевме во служба на слободата и градењето на државата што го постигнавме во соработка со САД, со земјите на ЕУ, со НАТО, со ООН и сите заедно бевме и сме друштво на заедничко ослободување и градење на државата.
Отфрлувајќи го обвинението Красниќи рече дека злосторничко здружение се раководството во Белград и поддржувачите на Белград. Според Красниќи, адресата на, како што рече, оваа маскарада е во Белград и приврзаниците на неговата политика.
Во 2006 година, Српската академија на науките се потруди да изгради Трибунал за Косово и ја постигна целта за моноетнички трибунал.
Поранешниот лидер на Демократската партија на Косово, Кадри Весели утре се очекува да се појави пред специјализираните соби, а на 11 ноември пратеникот Реџеп Селими. Делата за кои според обвинението се товарат Тачи, Весели, Селими и Красниќи, се поврзани со воени злосторства: незаконско или самоволно притворање, нечовечко постапување, тортура и незаконско убиство и злосторства против човештвото, затворања. Потоа се споменуваат и други нечовечки дела, како што се тортура, незаконски убиства, присилно исчезнување и прогонство, што според Специјализираните соби, биле извршени меѓу март 1998 и септември 1999 година. Според обвинението, се претпоставува дека злосторствата биле извршени на некои локации во Косово, но исто така и на некои делови на северот на Албанија, како на пример во Кукс и Цахан. Двајца водачи на организацијата на ветерани на ОВК исто така се во притвор како осомничени од Специјалниот суд, тоа се Хисни Гуцати и Насим Харадинај. Тие се осомничени за попречување на правдата, заплашување на сведоци и други дела поврзани со откривање на одредени тајни документи на Судот.
Шкелзен Аќифи