ВЕСТИСВЕТ

Хеликоптер падна на кровот од хотел во Австралија, има жртви и повредени

Едно лице загина, најмалку двајца се повредени, а околу 400 се евакуирани кога хеликоптер ноќеска падна на покривот на хотел во австралиската држава Квинсленд.

Advertisements

Според австралиските медиуми, загинал пилотот на хеликоптерот.

-Полицијата прогласи вонредна состојба околу хотелот DoubleTree by Hilton на шеталиштето во Кернс и евакуираше до 400 луѓе по несреќата, која се случи околу 02:00 часот, изјави портпаролката на службата за брза помош во Квинсленд (QAS).

Два пропелери на хеликоптерот паднале на патеката и во хотелскиот базен, објавија австралиските медиуми. Две лица од зградата се пренесени во болницата Кернс во стабилна состојба.

Засега не се знае колку луѓе имало во хеликоптерот и во каква состојба се наоѓаат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button