МАКЕДОНИЈА

Хелсиншки: „Одбележувањето на Охридскиот договор, повод за ширење етничка омраза“

Од Хелсиншкиот комитет велат дека одбележувањето на годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор, наместо да има обединувачки карактер, било уште еден повод за ширење на етничка омраза и нетрпеливост. Во соопштението стои дека „обраќањето на водителката на македонски јазик, која присутните ја исвиркаа, директно се коси со идејата за мултикултурен фестивал и предизвикува омраза меѓу етничките заедници во земјата. Уште повознемирувачко е неказнувањето од страна на Владата, што дополнително влијае на поларизацијата во општеството. Без јасна осуда, очигледно е бесмислено да се слави Охридскиот договор, чиј дух содржи соживот, мир и инклузивност во општеството. Политичарите да не го нормализираат јазикот на омразата, бидејќи на тој начин самите придонесуваат за подгревање на атмосферата на поделби, тензии и дестабилизација“, велат од Хелсиншкиот комитет. На прославата на 21-годишнината од Охридскиот договор на плоштадот Скендербег, водителката беше исвиркана во моментот кога почна да ја чита програмата на македонски јазик.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button