ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Хематологија, долго чекање за контрола

АЛСАТ уште еднаш ги потврди долгите редици и повеќечасовното чекање на пациентите на Хематологија, исто како вчера. Во оваа клиника има и поместување на термини, кои според извршниот директор се случиле и поради пандемијата.

Advertisements

Втор ден по ред продолжува чекањето на Хематологија. тоа го потврдува и камерата на Алсат. Пациентите се жалат дека по неколкумесечно чекање за преглед, мораат со часови да чекаат и пред ова клиника за крвна слика или други лекарски прегледи. Некои велат дека поради влегувањето преку врски се создале редици и чекања и за пациентите, кои имаат среќа одвреме-навреме да најдат некој слободен термин.

Од Клиниката за хематологија признаваат дека пандемијата доведе до реорганизација на термините и на распоредот на лекарите. Организацискиот директор Флутим Кадриу преку писмен одговор објасни зошто пациентите кои закажуваат преглед кај одреден специјалист завршуваат на преглед кај друг специјалист.

“Ова се должи на пандемијата „Ковид-19“, има случаи кога лекар кој закажал термини, потоа бил позитивен на „Ковид“ (заминал во изолација) и нормално е тој да биде заменет со негови колеги… за да не се враќаат пациентите кои веќе имале закажан термин“, велаат од Клиника за хематологија

И од Министерството за здравство признаваат дека системот „Мој термин“ е исполнет со термини, па затоа издавањето на приоритетни упати создава гужви пред речиси сите клиники во Универзитетскиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. /Алсат.мк

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button