СПОРТ
Хенрик Кристоферсен, победник на слаломот во Крањска Гора

Норвешкиот скијач Хенрик Кристоферсен е победник на денешната слаломска трка во Светскиот куп во алпско скијање која што се возеше во словенечкиот ски-центар Крањска Гора.
Кристоферсен до победата стигна со одлична втора трка во која анулираше дури пет позиции и со вкупно време од 1:39.26 славеше пред второпласираниот сонародник Тимон Хауган кој доцнеше 17 стоти делови од секундата.
Подиумот го надополни Мануел Фелер од Австрија со заостанување од 23 стотинки зад времето на победникот.