СПОРТФУДБАЛ

Хесус Хил Манзано, нема да суди во наредните две рунди од Ла Лига

Шпанскиот судија Хесус Хил Манзано е суспендиран по контроверзната одлука на крајот од натпреварот помеѓу Валенсија и Реал Мадрид (2:2). Манзано сигурно нема да суди во наредните две рунди од Ла Лига.

Судијата веќе беше делегиран за следните натпревари, но по голем притисок беше избришан од списокот.

Останува да видиме дали по оваа одлука ќе бидат укинати црвените картони за Џуд Белингем и Антонио Ридигер, кои протестираа на необичната одлука на Манзано да означи крај на натпреварот во моментот кога Брахим Дијаз се подготвуваше да центрира, а по неговиот центаршут Белингем постигна гол.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button