ВЕСТИРЕГИОН

Хил: Смешни се руските изјави за протестите во Србија

Смешни се изјавите на руските политичари дека САД создавале шарена револуција во Србија – ова е коментарот на американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил по обвинувањата на Москва дека Западот создава немири во земјата. Во интервју за српските медиуми тој истакна дека последните избори ги покажале недостатоците во изборниот процес. Хил додава дека меѓународната заедница, вклучително и ОБСЕ, е подготвена да помогне, но дека демократскиот напредок на Србија на крајот зависи од нејзините граѓани. „Единствениот меѓународен актер што стои на патот на напредокот е Русија – не Америка, не Европа, ниту некој друг од Западот“, вели Хил.

„На Русија и останаа малку пријатели, особено во Европа. Затоа тие решија да ги искористат изборите во Србија во очајнички обид да останат фактор, обидувајќи се да создадат судир меѓу Србија и нејзините евроатлантски партнери. Сè што и нудат на Србија е нестабилност и спротивно на напредокот на земјата“, oценува Хил.

Во меѓувреме продолжуваат протестите на опозицијата во Белград поради изборните нерегуларности. Секоја вечер се одржуваат собири пред објектот на Републичката изборна комисија, а вчера маршот заврши пред зградата на државната теелвизија РТС, поради незадоволство од известувањето. Воедно, веќе 12-ти ден штрајкува со глад една од предводничките на опозициската коалиција „Србија против насилство“, Мариника Тепиќ.

„Институциите во Србија како соучесници секако дека нема да кажат – да, крадевме. Ова е единствен начин да алармирам до меѓународната заедница да се создаде меѓународна комисија со набљудувачи и правни експерти и да се направи ревизија на изборниот процес“, вели Тепиќ.

Опозицијата бара увид во избирачките списоци, бидејќи како што велат, во нив фигурирале граѓани на Република Српска, кои гласале како жители на Белград. Сомневањата за изборен фалисфикат ги потврдија и набљудувачите на ОБСЕ кои нотираа дека изборите на кои убедливо победи владејачката Српска напредна странка ги одбележале сериозни нерегуларности, злоупотреба на јавни средства, медиумска доминација на претседателот на државата Александар Вучиќ, негативна кампања и ширење страв.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button