Хисени: Со предложениот закон од ДУИ, казина ќе можеа да се најдат и во училишните дворови

Од коалицијата ВРЕДИ (ВЛЕН), денеска одговорија на обвинувањата од ДУИ, од каде рекоа дека ВЛЕН поддржува игри на среќа во близина на училиштата. Како што нагласи Фари Хисени од ВЛЕН, тие се апсолутно против игрите на среќа, појаснувајќи дека предложениот закон воопшто не се однесува на казината и како што кажа, остава простор такви објекти да се најдат и во училишните дворови.
„Членот 10 од овој предложен закон предвидува отстранување на обложувалниците, но не и казината на минимална оддалеченост на 500 метри од средните и основните училишта. Со законот предложен од Груби и ДУИ – лотарија, казина може да се најдат и во училишните дворови. Овој член намерно не ги вклучува казината. Така, преку овој закон ДУИ-лотарија, би им затворил прозор на некои обложувалници, но силно би им отворил врата на казината и он-лајн казината во ексклузивна соработка со српското подземје“, рече Фари Хисени од ВЛЕН.