ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Хода за Алсат: ДУИ манипулира со крвта на паднатите борци

Претставникот на Здружението на воените ветерани на ОНА, Бесим Хода во интервју за Алсат рече дека ДУИ манипулира со крвта на паднатите борци, но и со вредностите на војната. Тој наведе оти ДУИ со функцијата технички премиер за 100 дена треба да ја искористи можноста да го спроведе законот за паднатите борци, законот за воените ветерани и да ја легализира војната на УЧК.

Advertisements

„Верувам дека целото ехо што се прави со именувањето уште повеќе ќе ја оптовари партијата ДУИ со одговорности каде структурата која произлезе од војната, која се повикува секогаш кога има потреба, која 22 години гази врз сè за што дојдоа и за што чекаше овој народ. Да не заборавиме дека овој народ своите синови, ќерки, куќи, леб и сè останато им ги даде на ДУИ и Али Ахмети, ставајќи го во служба на нацијата, а не на одредени поединци, а денес гледаме дека конкретно тоа што го имаат Албанците, навистина имаат многу имиња, навистина имаат историска шанса со премиер и осум министри во Владата, речиси половина влада. Ништо не ги спречува ако навистина мислат и ако навистина сакаат да се оправдат што до вчера не можеле, денес прокламираат премиер и се надевам дека ќе биде така, јас прв јавно ќе гласам за него“, рече Хода.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button