МАКЕДОНИЈА

Ходаи: Ние сме генерацијата која нуди решенија за проблемите што ги имаме

Студентскиот претставник Бленди Ходаи, поканет на вечерашната емисија „Економски Магазин“, изјави дека оваа генерација студенти е таа што нуди решенија за проблемите. Според него, интересен е фактот што нашата држава секогаш кога има криза и кога има проблеми почнува да бара од младите да ги спасат, додавајќи дека тоа е една од причините што младите си заминуваат.

Advertisements

„Докажавме и во последниот период во однос на субвенционирањето на студентските оброци дека сме генерација која не се жали туку нуди решенија за проблемите што ги имаме. Не се жалиме нон стоп, но истовремено даваме и бесплатни совети до МОН за многу образовни политики, било на ниво на средно или на ниво на високо образование“, изјави Ходаи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button