Ходаи: Поразително за Универзитетот во Тетово е изборот на ректор

Според Бленди Ходаи од Форумот за промени во образованието, изборот на Јусуф Зејнели на чело на Универзитетот на Тетово е направен на автократски начин. Ходаи прво побара деполитизација на оваа институција, а потоа повторување на изборниот процес. Според него, тоа што повлекувањето на 3 кандидати од трката не предизвикало институциите да постапат итно и инсистирањето на Демократската Унија за Интеграција на чело да стави кандидат како Зејнели, кој според него е недостоен за таа функција, е поразително за УТ.
„Политичките партии не го сакаат УТ, ниту го сакаат најдоброто за него, туку ги сакаат финансиските придобивки што доаѓаат од оваа институција. Тоа го докажува и фактот што владејачката партија, Демократската Унија за Интеграција, вршела различни притисоци за да постави на чело на УТ личност целосно недостоен да ја води, која според истражувањето на ФПО во „Гугл Сколар“ излегува дека нема научни трудови во веродостојни меѓународни списанија, што е поразително за УТ“, рече Бленди Ходаи, Форум за промени во образованието.
Ова не е единствениот проблем со кој се соочува УТ. Ходаи укажува и на прекршувања на Законот за високо образование од страна на професорите. Фатон Шабани и Ндерим Зеќири се дел од Националниот совет за високо образование на незаконски начин, бидејќи првиот е проректор, додека вториот е член на Сенатот, додека законот е дециден и не дозволува лицата со овие функции да бидат дел од ова важно тело.
На Тетовскиот Универзитет, според Ходаи, има и незаконски унапредувања на професори .Таков е случајот со професор Агрон Алили, кој стана „доцент“ со просек од 6,7.
„Алили е унапреден со прекршување на членот 166 од Законот за високо образование, кој вели дека „за наставно- научно звање доцент може да се избере само лице кое постигнало просек од најмалку осум за секој циклус конкретно. Но и покрај ова, просекот на професорот Агрон Алили во првиот циклус беше 6,7, додека на вториот циклус 9,0“, додава Ходаи.
Бленди Ходаи на крајот додаде дека „пандорината кутија“ е отворена и дека во иднина ќе бидат објавени сите прекршоци направени не само на Универзитетот во Тетово, туку и на сите други универзитети во земјава. Овие случаи ФПО ги пријавиле и до Просветниот инспекторат и очекуваат да се преземат итни мерки.
Ардит Рамадани