Хоџа кажа дали оствариле контакт со пратеникот Реџепи

Аријанит Хоџа од Беса, вели дека во партијата сѐ уште немаат стапено во контакт со пратеникот Кастриот Реџепи, кој вчера не се појави на седницата за интерпелација на владата, објавувајќи дека неговата одлука ја носи во полза на интересите на државата. Истовремено, се појавија и шпекулации дека пратеникот би можело да е намерно попречен да дојде во Законодавниот дом.
„Тоа што е напишано како фејсбук статус од него, тоа е последно негово јавување, очекуваме да се врати, како што најави, во понеделник, да ги објасни своите постапки кои очигледно се различни од тоа што се договоривме и различни од тоа за што се потпиша во Иницијативата“, рече Хоџа.
За време на прес конференцијата Аријанит Хоџа објави дека поднесува оставка од функцијата министер за земјоделство.