ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Хоџа: Нема да дозволиме злоупотреба на земјоделско земјиште

Министерот за земјоделство, Аријанит Хоџа, на прашањето како ќе се контролира продажбата на земјоделско земјиште, дали законот би можело да го злоупотребат оние што ќе го купат земјиштето, тврди дека нема да се дозволи таква злоупотреба. Според него, земјоделскиот инспекторат ќе биде на терен за да види одблизу дали е реализиран или не деловниот план. Хоџа дури им порача на сите концесионери да ги почитуваат законските одредби во спротивно Министерството за земјоделство ќе биде обврзано да го раскине договорот без тужба.

„Државниот инспекторат за земјоделство, како што тоа го прави сега со земјиштето што се изнајмува, ќе ја има истата активност за следење на спроведувањето на деловните планови. Во моментот кога има презентација и има интервенција на инспекторатот за да се види реализацијата на деловниот план, а доколку овој деловен план не се реализира, автоматски во еднострана форма без судска постапка Министерството за земјоделство може да го раскине договорот на оној што има купено земјиште. Оној што ќе го купи земјиштето, како што го добива со концесија, според законот е должен да ги почитува законските одредби. Јас не верувам и убеден сум дека во Министерството нема инспектор или комисија што ќе си дозволи да одлучува за законот. Доколку инспекторатот отиде и утврди дека одредено правно лице требало да инвестира 100 илјади евра објект и требаше да има 5 вработени и првото работно место што го контролира инспекторатот, го нема ова, не верувам дека ова е пристрасно. Ова е точно за да се заштити она што сите го имаат како грижа, да се заштити земјоделското земјиште да се користи токму за земјоделски цели“, рече Хоџа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button