ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Хоџа: Сите опции за справување со пандемијата се отворени, можна нова владина седница после состанокот кај Пендаровски

Сите опции за справување со пандемијата се отворени, но на вчерашната владина седница не се дискутираше за прогласување на вонредна состојба, рече на денешната прес конференција владиниот портпарол, Мухамед Хоџа.
Сепак, како што кажа тој, не се исклучува можноста до крајот на неделава да се одржи уште една владина седница на која би можело да се усвојат и други евентуални мерки.
„Се очекува прво да има седница Советот за безбедност кај претседателот на државата, Пендаровски. Не се исклучува можноста до крајот на неделата владата да има седница каде би донела други мерки за справување со Ковид пандемијата“, рече Хоџа.