СПОРТФУДБАЛ

Хојлунд, го испрати во историјата рекордот на Кристијано Роналдо

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд, го испрати во историјата рекордот на Кристијано Роналдо. Данецот стана најмладиот играч на „црвените ѓаволи“ со најмалку еден гол и една асистенција во два последовни натпревари во Премиер Лигата.

Advertisements

Во драматичната победа од 3-4 против Вулверхемптон, Хојлунд асистираше за голот на Маркус Рашфорд, а потоа и сам погоди пред паузата. Поранешниот напаѓач на Аталанта има 20 години, а Роналдо за првпат на 21-годишна возраст постигна гол и асистираше на два последовни меча во англиската лига.

Капитенот на Манчестер Јунајтед Бруно Фернандеш се изедначи по бројот на асистенции во Премиер Лигата со Кристијано Роналдо. Португалецот асистираше за еден од головите на „црвените ѓаволи“ против Волвс и сега има 37 асистенции, исто колку и неговиот репрезентативен колега Роналдо.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button