Холандија сака да излезе од мигрантската регулатива на ЕУ

Четирипартиската коалиција во Холандија, предводена од премиерот Дик Шуф, ветуваше дека ќе го изгради „најстрогиот режим за азил досега“. Новата холандска влада го исполни ветувањето и поднесе барање до Европската комисија да и обезбеди клаузула за исклучување е од системот за миграција и азил на ЕУ – потег без преседан од земја-членка основач.
„Само што ја информирав Европската комисија дека сакам исклучување од политиката на миграцијата во Европа за Холандија“, рече Марјолејн Фабер, холандски министер за азил и миграција, во средата наутро.
„Повторно треба да бидеме самите одговорни за нашата политика за азил!“
Фабер и припаѓа на Партијата за слобода (ПВВ), екстремно десничарска, ултранационалистичка партија предводена од Герт Вилдерс, кој е главната сила зад новата владејачка коалиција.