СПОРТФУДБАЛ

Холандија за четири минути ја „сруши“ Македонија

Македонската У21 репрезентација го загуби вториот квалификациски меч од групата „Ц“ и запиша пораз од соодветната селекција на Холандија со 0-2. „Лалињата“ уште во првото полувреме имаа поголема теренска иницијатива и силно притискаа кон нашиот гол, но дефанзивата на селекторот Канатларовски беше одлично поставена. Второто полувреме започна со добра игра на „рисовите“.

Advertisements

Момчињата беа храбри и на моменти играа високо на противничката половина, но набргу потоа Холандија со четириминутен „блицкриг“ ги урна надежите на Македонците дека ќе извлечат поволен резултат. Ноа Охајо го отвори резултатот во 68. минута по еден солиден продор од левата страна, а на 0-2 зголеми Тејлор, кој прцизно реализираше удар од единаесет метри.

Со овој пораз, Македонија има 3 бода од два меча, а шанса за прогрес ќе има во октомври и ноември, кога ќе се сретне со селекциите на Молдавија и Грузија.

Со евентуална победа на овие две средби, Македонија ќе биде во голема игра за едно од првите две места на табелата. Да потсетиме, Македонија У21 ги започнаа овие квалификации, со тешка гостинска победа кај Шведска со 0-1.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button