МАКЕДОНИЈА

Холандската амбасада во Скопје демантира дека Холандија го поддржува ветото за Северна Македонија

Холандската амбасада како лажни ги оцени информациите дека Холандија ја поддржала Бугарија во блокирањето на преговарачката рамка за Северна Македонија за почеток на преговорите за членство во Европската унија.

-Холандија сметаше и се уште смета дека Северна Македонија има постигнато добар напредок и дека меѓувладината конференција може да се одржи веднаш штом ќе се усвои преговарачката рамка, се вели во реакцијата од холандската амбасада во Скопје.

Advertisements

Претходно, бугарскиот весник „24 часа“, повикувајќи се на дипломатски извори во Брисел, објави вест во која се тврдеше дека Данска и Холандија се двете земји кои се приклучија кон бугарското вето за Северна Македонија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button