ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Холандскиот премиер Руте во Скопје

Холандскиот премиер Марк Руте денеска ќе престојува во посета на нашата земја. Ова е прва посета на холандски премиер на државава. Руте доаѓа во Скопје во време на блокада од Бугарија на евроинтеграцијата на Северна Македонија. Холандија поддржува старт на преговорите со Скопје и Тирана, и како што истакна Руте на неодамнешниот Самит ЕУ-Западен Балкан во Брдо, очекува надминување на блокадата по изборите во Бугарија, а Хаг ќе помогне за што побрзо почнување на пристапните преговори.