
Екипата на Феенорд во рамките на осминафиналето на Лигата на Шампионите ќе се судри со Интер. Во првиот меч холанѓаните се домаќин на Интер, а за овој натпревар им недостигаат двоцифрен број на играчи.
Феенорд има страшна криза со повредите која ги мачи веќе некое време. Листата на повредени или суспендирани играчи брои дури 14 фудбалери. Новиот тренер Робин Ван Перси нема да може да смета на: Џастин Бајлов, Ин Беом Хванг, Антони Миламбо, Јакум Модер, Квинтен Тимбер, Гиваиро Реад, Гернот Трауне, Калвин Стенгс, Ајасе Уеда, Рамиз Зеруки, Крис-Кевин Надје, Квилиндши Хартман, Факундо Гонзалез, Барт Нивкоп.
На дуелот против Интер на клупата се очекува да бидат голем дел фудбалери од младинскиот тим.
Во првата плеј-оф фаза во елитното европско натпреварување Феенорд го елиминира Милан, а сега го очекува двомеч со другиот милански гигант