СПОРТ

Холгер Руне декласиран од 122. играч во светот!?

Американскиот тенисер Брендон Накашима направи голем подвиг со пласманот во третото коло на Мастерсот во Шангај. Моментално 122. играч во светот беше подобар од третиот носител на турнирот и петти на АТП листата Холгер Руне со резултат 2:0. По нешто повеќе од еден час во сетови беше 6:0, 6:2 за прва победа на Накашима против играч од Топ 10.

Advertisements

Руне од Вимблдон до Пекинг немаше победа, се мачеше со повредта на грбот и врза шест порази, но во главниот град на Кина победи против Оже-Алијасим, а потоа загуби од Димитров.

Во следното коло, aмериканецот ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Томас Мартин Ечевери и Јижен Жанг. Претходно пласман во третото коло обезбедија Душан Лајовиќ, Крис Јубенкс, Фабијан Марошан и Каспер Руд. Наградниот фонд на Мастерсот во Шангај изнесува 8,8 милиони долари.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button