ЗАБАВА

Холивуд во Македонија: Актерот Џон Малкович најави дека ќе се градат филмски студија во околината на Скопје

Холивуд во Македонија: Актерот Џон Малкович најави дека ќе се градат филмски студија во околината на Скопје

Светски познатиот актер Џон Малкович, во интервју за националниот сервис МРТ, ексклузивно најави дека ќе се градат филмски студија во околината на Скопје во кои ќе се снимаат холивудски филмови, како дел од проектот „Скопје технолошки парк”.

„Сакам да ги поздравам моите македонски пријатели и да ви кажам колку сум возбуден што ќе соработувам со своите колеги професионалци Д. روليت مباشر В. Мафет и Мет Дилон на создавање филмско, музичко и медиумско студио од холивудски калибар, со сертификат за еколошка градба во Скопје. كيفية ربح المال من الالعاب Прво студио од ваков тип на целиот Балкан”, изјави Малкович за МРТ. العاب تربح جوائز حقيقية
Актерот посочи дека планира да го посети Скопје откако Владата ќе го одобри проектот „Скопје технолошки парк”.

-Решивме да го наречеме проектот „Стоунбриџ студија” во чест на богатата култура и неверојатната историја на македонскиот народ, подвлече Малкович и порача дека му придава специјално значење на овој проект како балканец по потекло.

– Возбудени сме не само затоа што ќе работиме и ќе снимаме холивудски филмови во Скопје, туку ќе помогнеме уште повеќе да се зајакне балканскиот филм, како и музичките и уметничките заедници на секој можен начин. Цврсто верувам дека проектот ќе биде од клучно значење за земјата и регионот, рече Џон Малкович.

Тој деновиве е во посета на Србија, кеде што во Феликс Ромулијана, римско наоѓалиште покрај Зајечар, глуми во претставата „Пеколна комедија – исповед на серискиот убиец”./MRT

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button