СПОРТФУДБАЛ

Холштајн Кил, првпат во својата историја ќе игра во Бундеслигата

Холштајн Кил се пласираше во германската елита за првпат во историјата. Ова стана факт по ремито 1-1 на домашен терен против Фортуна Диселдорф во натпревар од 33. коло на Втората Бундеслига. Така, „штрковите“ обезбедија едно од првите две места во конечниот поредок, кои даваат директна промоција во Бундеслигата.

Advertisements

Холштајн Кил е 58. клуб што ќе учествува во највисокото ниво на германскиот фудбал од создавањето на шампионатот, во овој формат од сезоната 1963/64.

Холштајн Кил поведе во втората минута со голот на Бенедикт Пихлер. Фортуна израмни со голот на Христос Цолис кој погоди од пенал. „Штрковите“ собраа 65 бодови и моментно се лидери на табелата. Второпласираниот Сент Паули може да обезбеди директна промоција уште денеска, доколку на домашен терен освои барем бод против испаднатиот Оснабрик.

Фортуна Диселдорф останува на третото место со 60 бодови и има најмалку загарантиран плејоф за влез во елитата. За директна промоција, Фортуна Диселдорф мора да се надева дека Сент Паули ќе ги загуби преостанатите два првенствени натпревари, а тие ќе го победат Магдебург во последното коло./Makfudbal

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button