ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Холштајн: Се надевам дека нема да им направам проблеми на колегите во Софија

Португалското претседателство во моментов работи на конкретен предлог, односно на една рамка со која би требало да дојде до согласност и нивната цел е до јуни да се дојде до усогласување.

Advertisements

Ова го истакна германската амбасадорка во земјава Анке Холштајн во одговор на прашање дали до крајот на португалското претседателство со Унијата земјава ќе успее да стартува со преговорите за полноправно членство во ЕУ.

-Не знаеме како конкретно изгледа овој предлог. Тој се ориентира на преговорите кои минатата година се одржуваа во Берлин, но од друга страна за Бугарија целото тоа прашање особено сега со техничка влада е многу тешко, изјави Холштајн по примопредавање на германската донација на тестови за Ковид-19 за Министерството за здравство.

Нагласи дека не очекува да им предизвика проблеми на колегите во Софија по вчерашната изјава.

-Тоа што хрватската амбасадорка била повикана на разговор во Софија сигурно се однесува на изјавата на хрватскиот претседател во Брдо. Се надевам дека јас нема да им направам проблеми на моите колеги во Софија, бидејќи никогаш не го употребив зборот Бугарија, рече Холштајн.

Таа вчера изјави дека 26 земји членки се држат како заложници од некои ситни национални интереси на една земја која прави штета на целата Европска Унија и го уништува нејзиниот кредибилитет на Западен Балкан.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button