ХОПС: Македонската Влада и институции имаат уште многу работа за креирање на содветна политика за дроги

Северна Македонија е рангирана на седмо место во светот според Глобалниот индекс за политиките за дроги, во класификацијата со која се опфатените 30 земји. Земјава го дели седмото место со Грузија со ист број на индексни поени, а пред нив се Канада (6), Австралија (5), Велика Британија (4), Португалија (3), Нов Зеланд (2) и Норвешка (1).. Од европските земји кои се полошо оценети од Северна Македонија се Унгарија на 12 место и Русија на 20 место.
Но, од ХОПС – Опции за здрав живот Скопје укажуваат дека ова седмо место не треба да се гледа како успех за Северна Македонија, која беше оценета со 55 од 100 можни бодови, бидејќи, како што велат, во секој учебник индексот 55 не се оценува како добро постигнување.
„Посебно, ако се земе предвид и друштвото односно групата на земји кои беа оценувани од кои поголемиот дел се познати по своите лоши политики за дроги. Овој индекс треба да се чита во насока дека македонската Влада и институции имаат уште многу работа за креирање на содветна политика за дроги која ќе се базира на здравјето и човековите права“, велат од ХОПС.