СПОРТ

Хорор во салата во Радишани, парче од паркетот заврши во стомакот на одбојкарката!?

Благодарение на екпресната реакција и лекарската интервенција во поликлиниката „Чаир“, млада одбојкарка од екипата на ОК „Универзитет Тетово“, го прежиевеа хоророт кој се случи на натпревар во скопската населба Радишани.

Advertisements

Во саботата, се одигра мечот меѓу екипите на ОК “Фламинго Волеј“, кој е филијала на „Јанта Волеј“ со екипата на „Универзитет Тетово“ во салата „Иван Хаџиниколов“, во Радишани која има лоши услови за работа и подлога која нема критериуми за тренинзи, а не пак за официјални натпревари.

Во текот на натпреварот гостинската одбојкарка се фрлила по топката со своето тело, почнала да се лизга по паркетот кога парче од паркетот се забил во нејзиниот стомак. Настанала голема паника, многу крв по подлогата…. Експресна реакција на лекарите во салата и брз транспорт во најблиската лекарска клиника. Натпреварот е прекинат а по истиот требало да се одигра и меч од машка конкуренција кој е одложен.

За среќа овој хорор во Радишани има среќен крај и нема фатални последици. Но кој ќе го врати стресот кај сите девојки во салата, хоророт низ кој мина повредената одбојкарка, нејзината фамилија и најблиски./Sportsport.mk/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button