ЗАБАВА

Хороскопски знаци кои не умеат да се извинат

За некои луѓе е проблем да се извинат и тоа не им е лесно да го направат. Иако се чувствуваат лошо поради нивните постапки, едноставно не можат да ги изразат своите емоции.

Извинувањето не нè прави послаби, туку е знак на емоционална интелигенција и зрелост. Според астрологијата одредени хороскопски знаци едноставно не умеат да кажат „извини“.

Близнаци
Не дека Близнаците намерно не се извинуваат, тие се многу активни и можат брзо да продолжат понатаму. Очекуваат и другата страна да го стори истото. Близнаците едноставно забораваат дека должат извинување некому.

Стрелец
Овој хороскопски знак тешко умее со зборови да ги изрази своите емоции. Наместо тоа, истото го прави со постапките. Попрво ќе ви купи подарок или ќе ве однесе на вечера или на шопинг, отколку да каже „извини“. Многу се добри во комуникација, па можат да измислат различни варијанти на извинување, но всушност никогаш тоа не го кажуваат.

Водолија
Навистина не е добро да очекувате извинување од Водолија, освен ако не направиле нешто исклучително сериозно. Инаку, во поголем дел од времето мислат дека за сè се во право.

Јарец
Прилично се тврдоглави и поради тоа им е тешко да се извинат. Не дека не се каат, само им е потребно време да ја прифатат грешката. Мислат дека извинувањето ќе ги дефинира како ранлива личност. Наместо тоа, се извинуваат преку постапките.

Скорпија
Ќе се извини само кога не е во право. Во спротивно, нема лесно да се извини за некои помали работи. Тие не се извинуваат, туку само го расчистуваат недоразбирањето и ги откриваат своите вистински чувства бидејќи во односот најважна им е искреноста.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button