Хоспитализирани 1.315 ковид пациенти, има околи 340 празни болнички кревети

Вкупниот број на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.315 и има околу 340 празни болнички кревети во ковид-центрите. Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла, соопшти денеска Министерство за здравство.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 78 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 57 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 30 пациенти, во Велес се лекуваат 65 болни, а во Куманово 100 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.
Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 92 пациенти, во Прилеп 118, во ковид-центарот во Гостивар 36, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 57 пациенти, во Кочани 11, во Кичево 10, Кавадарци 69, а во Гевгелија 23 лица, позитивни и суспектни на коронавирусот.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 54 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 549 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 30 приеми. Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало три примени пациенти и пет биле примени на Инфективната клиника во тек на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени нови пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 31 оздравен пациент.