ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Хотелиерите бараат државата да ги субвенционира придонесите на вработените

Хотелиерите бараат државата да ги субвенционира придонесите на вработените

Хотелиерите од Охрид и Струга, од министерот за економија Крешник Бектеши, на денешната средба во Струга, побараа државни субвенции со цел да се спречи понатамошен одлив на кадар во туристичките дестинации во соседството, имајки во предвид дека повеќе од 5000 Македонци, летово работеа на хрватското приморје. Предложени биле неколку мерки како може тоа да се направи.

Advertisements

„Минатите неколку години вработуваме деца од 16-17 години, кои сакаат да работат, но треба да го стекнат тоа искуство.И да не би ги испуштиле тие деца идната година да одат во странство, дадени се некои предлози како да ги задржиме.Беше побарано давачките према државата да бидат субвенционирани и придонесите за плата да бидат вратени на тој што ги дал“, изјави Крсте Блажески-претседател на ХОТАМ.

Хотелерите се незадоволни и од начинот на распределба на субвенции за странски туристи.Бараат наместо кај туроператорите, дел од нив да одат и на адреса на хотелите.

„ Тие средства би ги употребиле и за корегирање на плати, подобрување на услови за пречек на овие гости“, нагласи Крсте Блажески-претседател на ХОТАМ.

Бектеши најави носење на закон за финансиска поддршка на инвестиции, каде ќе може да се вклучи и секторот угостителство,како и измени на посточекиот правилник за субвенционирање.Тоа ќе овозможи зголемување на бројот на туристи, кој сега е за 40посто поголем во однос на лани.
„Министерството за економија денеска слушна конкретни предлози, но во исто време презентираше предлози кои дојдоа од секторот, за помошта што ќе ја понудиме од јануари следната година“, рече Крешник Бектеши-министер за економија.

Голем дел од капацитети во Охрид и Струга се букирани за септември и октомври.

Интересот за престој на охридско-струшкото крајбрежје е на повисоко ниво од минатата година, а добар дел од капацитетите се букирани и во месеците септември и октомври.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button