ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Хотелиерите бараат олабавување на мерките за Новогодишните прослави

За наредната недела се најавуваат нови предлог протоколи, меѓу нив и за работа и на хотелските и угостителски капацитети. Од министерството за здравство за Алсат велат, дека за тоа ќе одлучува комисијата за заразни болести.

„За организирање настани, прослави во објекти, ресторани, хотели постојат протоколи кои се усвоени од страна на Владата. Комисијата за заразни болести на седницата што ќе ја одржи следната недела согласно анализите од епидемилошката состојба во државата ќе одлучи дали ќе предложи нови предлог мерки“, наведуваат од Министерството за здравство.

Според протоколите кои Владата ги усвои на 115 -та седница, се дозволува работа во затворениот дел на објектите до 50% исполнетост на капацитетот, а гостите мора да приложат сертификат за примени две дози на вакцини против Ковид или потврда за прележан Ковид во последните 45 дена.Од ХОТАМ, бараат олабавување на мерките.

„Со половина сала одиме во загуба, а со 70% исполнетост или нагоре може да се рачуна како позитивно“, рече Крсте Блажески-претседател на ХОТАМ.

А, наместо организиран дочек на Нова година, со жива музика,најголем дел од хотлелите на охридско-струшката ривиера,веќе нудат само ноќевање со појадок.Во оние угостителски објекти,каде се нуди дочек цените се движат од 30 до 70 евра.

„Слабо оди.Кога ќе се земе во предвид целата бројка на капацитети на охридско-струшкиот регион, очекувањата се дека вкупниот капацитет нема да биде исполнет повеќе од 50%.Странски групи беа потврдени,но штом почнавме ќе има растојание, не можеме со цел капацитет, има откажувања“, додаваат од ХОТАМ.

Како што засега стојат работите Охрид или Струга и оваа Нова година ќе зависат од македонските туристи.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button