ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Хотелиерите се надеваат на дел од унгарските пари

Хотелиерите се надеваат на дел од унгарските пари

Хотелиерите од Охридско-струшкиот регион бараат и тие да добијат дел од парите од унгарскиот кредит, наменет за стопанството. Од Хотелската асоцијација велат дека се ќе зависи од условите кои државата ќе ги постави за да може да се аплицира, но очекуваат тие да не бидат заборавени.

Advertisements

„Сите хотели кои се кредитоспособни се веќе задолжени по банките и имаат некакви кредити кои ги користат. И овој кредит кој ќе дојде да се помогне на стопанството, ќе биде исто така кредит со враќање. Ќе има некој грејс период со малку подобри услови. Секторот работи, создава имавме убава сезона и минатата и оваа година беше уште подобра сеозна“, рече Крсте Блажески-претседател на ХОТАМ.

Тие средства, би ги искористиле за инфраструктурни проекти, реновирање на објектите,или изградба на нови. Со тоа велат државата директно ќе му помогне на туризмот, кој се уште се опоравува од ковид кризата и војната од Украина.

„Секој хотелиер кој има план да инвестира и да има додадена вредност плус во својот објект, или во својата работа, ќе има бенефит.Се надевам дека со тоа ќе имаме некој бенефит, со субвенционирање на фирмите и да би можеле да ги задржиме вработените, кои ни се и да имаме повисок стандард“, рече Муса Рашид-сопственик на хотел.

Недостигот на работна сила останува сериозен проблем поради заминувањето на квалификувани работници секое лето најмногу во Хрватска.Затоа тие пари би ги насочиле и за поголеми плати со цел нивно задржување дома./Алсат.мк

Мики Трајковски

 

 

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button